

Нашата приказна
Тоа е првиот вистински италијански ресторан во Битола, каде што љубовта, семејството и пријателството создадоа магија во чинија. 
Ова е приказна за битолчанец кој го следеше срцето до Италија, се заљуби во Италијанка и ја донесе нивната страст за храна назад дома. 
Со својот бизнис партнер и долгогодишен другар, создадоа место кое дише со италијанска традиција.
А Италијанката? 
Таа ги донесе и своите родители во Битола, за заедно да ја готват нивната автентична италијанска храна. 
Името IL BAFFO, кое на македонски значи “мустак”, е посвета на таткото на Италијанката, кој е вистински симбол на ова семејство – со својата страст за готвење и италијански шарм. 
Во IL BAFFO не сте само гости – вие сте дел од семејството. 
Вкусете ја приказната ▪️ Benvenuti 🇮🇹






